Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски воен авион од типот Су-24 е соборен на границата меѓу Турција и Сирија.
Според прелиминарните извештаи, авионот е соборен со ракета од земја. Министерството соопшти дека пилотите успеале да се катапултираат и сега се утврдува што се случило со нив. На интернет се појави видео снимка, на која според пишувањата е еден од руските пилоти убиен од исламисти кои извикуваат „Алах Акбар“.
Автентичноста не е потврдена.
#PT Video shows rebels around a dead “russian pilot “. This leaves no doubt, man on the ground is a jet crew. pic.twitter.com/lRHXObE3JV
— Green lemon (@green_lemonnn) November 24, 2015