ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицијата на “демократска” Америка: Пукаат во невооружен човек, татко на 4 деца

amrika-policija-oruzje-600x355

Американските медиуми објавија видео во кое се гледа како полицијата во Тулса, во америкаснката држава Оклахома, пука во невооружен афроамериканец.

Ова е уште еден во низата случаеви кој го поставува прашањето на односот на употреба на сила на полицијата врз Афроамериканците, пишува “USA today”.

Полицијата на местото на настанот пристигнала откако добила дојава дека на патот се наоѓа напуштено возило а на почетокот тврделе дека оружје било употребено кога Теренс Кручер (40) се противел на наредбата да ги подигне рацете.

Полицајката Бети Шелби јавила во централата дека Кручер не ја почитува наредбата а потоа пукала во него. Другиот полицаец употребил електро-шок.

Видеото снимено со камера од полициски автомобил и од хеликоптер покажува дека Кручер стои на средина од патот со кренати раце, а потоа оди на кај својот автомобил. Целото време полицајците го имаат на нишан. Кратко потоа се слуша истрел, а Кручер паѓа на земја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.