ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Паднал во живеалиштето на тигрите, неговата смрт ја гледало целото семејство

Турист кој ја посетил зоолошката градина во Нингбо во источна Кина, се качил на оградата на живеалиштето на тигрите, а за жал тој ризичен потег скапо го платил.

tigri-640x287

Тој паднал кај тигрите, а скоро еден час вработените не можеле да го извлечат од канџите на крволочните ѕверки.

Она што е уште по вознемирувачко е фактот дека неговата смрт ја гледале неколку членови на неговото семејство, како и другите посетители, од кои еден и ја снимил несреќата.

На крај за да извлечат неговото тело морало да биде убиен еден од тигрите, а целата зоолошка градина била евакуирана.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.