(Вознемирувачко)СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ТУРЦИЈА: Експлодираше бомба на свадбена веселба, повеќе од 50 мртви!

received_10208842569413010

Бројот на жртвите од бомбашкиопт напад, извршен во југоисточниот турски град Газиантепе достигна 50 лица, информира гувернерот на округот Газиантепе, цитиран од светските агенции.

Бомбашкиот напад беше извршен за време на свадбена веселба. Меѓу жртвите има жени и деца.

Турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек изјави дека експлозијата во Газиантепе, што се наоѓа во близина на границата со Сирија, веројатно е дело на атентатор самоубиец.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утринава изјави дека групата Исламска држава најверојатно е наредбодателот на синоќешниот напад.

Засега ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста за крвавиот терористички акт.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.