На 25.11.2018 година околу 18,30 часот на патот Градско – Прилеп патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со битолски регистарски ознаки управувано од В.С.(55) од Битола во кое се превезувале двајца сопатници излетало од патот.
Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(51) на која и е укажана лекарска помош во Градска болница Прилеп.