Поради магла на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена на само 50 метри. Возете внимателно порачуваат од АМСМ и од Македонија пат.
-Намалена видливост поради појава на магла до 80 м. има во Струмица, до 100 м. во Тетово, на планинскиот превој Плетвар до 50м. и до 100м. во Делчево. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, посочуваат од АМСМ .
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
























