Воведена забрана за камиони и на превоите Плетвар и Барбарос

Поради обилни врнежи од снег од 11:00 часот воведена е забрана за движење на камиони на планинскиот превој Барбарос на патот Македонски Брод – Прилеп.

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија забрана за камиони од 11:10 часот е воведена и на планинскиот превој Плетвар на патот Прилеп-Кавадарци.

Од 08:15 часот изутринава беше воведена забрана за движење за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, што е укината во 11:00 часот.

Од 07:35 часот изутрината е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Во сила се забрнате за камиони воведени ноќеска поради обилни врнежи од снег на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.