Внуката на Гоце Делчев: “Гоце ќе се преврте во гробот ако дознае, чувајте го чисто името, немој некој да го присвојува” (ВИДЕО)

Преку пораките на внуците на Никола Карев и Гоце Делчев, движењето “Млади за Македонија” повика на денешниот протест за зачувување на државното име пред Собранието, со почеток од 19:30 часот.

“Почитувани браќа и сестри, движењето МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА Ве повикува на Семакедонски народен протест за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација на 23 јуни 2018 година (сабота) во 20.00 часот пред Собранието на Република Македонија!

Ве викаат младите и внуците на Илинденците со аманет од нашите претци на семакедонско помирување и обединување за Македонија!

Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија постоиме, без Македонија сите заедно ќе исчезнеме! Во единството е силата и победата! Затоа и аманетот…

… Македонската света земја којашто Вие со македонска крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме. Таа никогаш нема да биде Ваша! Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но знајте, дека утре, кога Вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ македонски!!!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.