Внимателно одберете какво велигденско јајце ќе подарите- еве што означуваат боите

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување.

bojadisani_jajca

Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа.

Ви го претставуваме значењето на боите на Велигденските јајца, кои овие денови ќе бидат најдраг гостин во Вашите семејства:

Жолта боја – светлина, радост

Портокалова – трпение, моќ

Зелена – храброст, големина

Виолетова – надеж, спокојство

Сина – здравје, ведрина

Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.