Внимателно на Плетвар, намалена видливост поради магла – Забрана за камиони на Пресека и Стража

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет има низ целата држава, освен во Гевгелија каде врне дожд.

pat-sneg-nok

Од 20 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, а од 18:30 часот и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Намалена видливост поради појава на магла од 80-100 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.

Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.