Наспроти месноста Топлица, на превојот Плетвар подолг период заштитниот браник стои уништен.
Пред месеци, српски камион ја изгубил контролата на таа кривина и пропаднал во бездната.
Од тогаш никој од “Македонија пат”, ниту од Министерството за транспорт не помислил дека прашање на време е кога зимава ќе има нова жртва?!
Дека опасностите демнеат од сите страни, е и ова второ видео во продолжение, на кое може да се види оштетена ограда на мост која води директно во бездна.