Наспроти месноста Топлица, на превојот Плетвар подолг период заштитниот браник стои уништен.
Пред месеци, српски камион ја изгубил контролата на таа кривина и пропаднал во бездната.
Од тогаш никој од “Македонија пат”, ниту од Министерството за транспорт не помислил дека прашање на време е кога зимава ќе има нова жртва?!
Констатацијата на возачите е дека за чочек по тунели имаат време, а за обврските и реалните проблеми послабо?.