Внатрешен говор, како го слушаме и зошто?

 

 

critical-inner-voice-800x450-e1489681943725

Од кога е детето донесено на свет учи преку обиди и грешки, што значи грешките се составен дел од животот, длабоко интегрирани во нас самите. Кога одредена активност која според нашиот систем на вредности е грешка или предизвикува штета почнува да се се вклучува внатрешниопт говор. Кај некои од нас е поизразен, а кај некои не. Нели сите сме различни. Учени сме дека говорот првенствено служи за комуникација со другите. Но Ве молам застанете и за момент размислете, поточно обидете се да се набљудувате себе си кога почнувате да разговарате со некого. Дали го слушате за да го разберете или слушате и со нетрпение очекувате другата страна да заврши, а да вие дадете одговор? Тоа значи дека нешто се случува во нас, веќе дијалогот се одвива.

Превенствено како и кај секоја состојба или процес треба да има свесност дека се случува нешто. Па почнуваме да развиваме свест за внатрешниот говор со следниве прашања: Што се случува? Што си реков себе си, каква мисла ми „прелета“, што чувствувам сега? Како ова ми помага? На овој начин ја зголемуваме свесноста за внатрешниот дијалог и се обидуваме да разбереме што се случува и да прифатиме дека тоа е дел од нас самите.

Мислите понекогаш знаат да бидат побрзи од самата акција, но кога ќе бидат освестени ја губат моќта. Исто како кога влегувате во темна соба и ја палите сијалицата. Темнината повеќе нема моќ. Затоа е значајно да станеме свесни за постоењето на внатрешниот говор со што тој повеќе би ја немал моќта над нас, а од друга страна ние би престанале да се идентификуваме со него. Во таа насока доста битно е да си ги поставиме прашањата од типот на: Кој низ мене се обидува да говори, зборува, кој од моето семејство се обидува да воспостави контрола? Искуството вели дека децата си ги носат гласот на родителите во себе и кога тие не се тука.

Она што си го зборуваме себе си во стресни ситуации, всушност кажува каков однос имаме ние кон себе си, меѓутоа каков однос ние ќе имаме кон самите себе доста влијание има извршено семејството и средината во која што живееме. Поврзани се некако работите. Што би се рекло дека негативниот внатрешен говор произлегува од потчинет однос, посебно до личност која што ни е од голема важност.

1847-Steve-Jobs-Quote-Don-t-let-the-noise-of-others-opinions-drown-out-e1489681907783

Работата на себе помага овие внатрешни негативни шеми што ја кочат личноста да се освестат и да секој од нас се обиде да биде најдобра верзија од себе. Работата на себе е најдобро да се одвива во соработка со психолог, терапевт, стручно лице кое што ќе ви помогне заедно да ги надминете потешкотите низ конструктивен разговор.

Она што сами можете да го направите за себе е прво да ја зголемите свесноста за самиот процес, второ да практикувате вежби за релаксација и фокусирање кои се постигнуваат со длабко и смирено дишење.

Обидете се, експериментирајте, доколку не можете сами, имате и трета алтернатива што се вика ЛУНА ТРИНИТИ, ние сме секогаш тука да помогнеме.
Луна Тринити-Тренинг центар за личен развој комуникација и советување.

lunatriniti

Тренинг центар за личен развој, комуникација и советување ЛУНА ТРИНИТИ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.