ВМРО-ДПМНЕ СО ТРИ БАРАЊА ДО ХАН: Да се осуди платформата, коалиција победник-победник и деблокада на евроинтеграците!

Неговиот претходник Оли Рен во 2007 година, бараше да се почитува правилото при формирање на Влада кое значи, победникот во македонскиот, секогаш да коалицира со победникот во албанскиот блок.

han-640x294

ВМРО-ДПМНЕ до комесарот за проширување Јоханес Хан ќе има три барања како излез од политичката криза. Пратеникот Александар Николовски во вестите на Сител најави дека владејачката партија ќе побара од Хан во вторник јасно да каже дека ја отфрла тиранската платфома, да го почитува принципот победник со победник при формирање на владата и одбокирање на процесот на еворинтеграција.

– Неговиот претходник Оли Рен во 2007 година, бараше да се почитува правилото при формирање на Влада кое значи, победникот во македонскиот, секогаш да коалицира со победникот во албанскиот блок. Бараме тоа правило да се почитува и сега и во иднина. Да не се прекршуваат правилата кои ги бара самата ЕУ-нагласува Николовски.

Пратеникот бара и „да се испочитуваат преку 200.000 луѓе кои секој ден се низ сите градови во Македонија и имаат свој став.

Za-zaednicka-Makedonija-3-den-23-Custom-740x561-1

– И можеби најбитното е да се одблокираат евроинтегративните процеси. Во оваа насока сметам дека е многу корисно што комесарот Хан, доаѓа во Скопје, го троши своето време и сака да помогне. Но, би било многу подобро и за Македонија и за него самиот, доколку исто толкава енергија и време троши во Атина, затоа што блокадата на евроинтегративниот процес доаѓа од таму“-изјави Николоски.

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.