ВМРО-ДПМНЕ повика на голем протестен марш утре во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со штетните политики на Зоран Заев да дојдат во недела во 13 часот во Охрид на голем сенароден протест.

-Наместо да бегаат од дебата за суштинските прашања, Заев треба да се охрабри и да излезе на дебата со Христијан Мицкоски. Граѓаните очекуваат одговори. Заев не смее да бега. Тоа не е демократски, тоа е кукавички. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со штетните политики на Зоран Заев да дојдат во недела во 13 часот во Охрид на голем протестен марш.

СДСМ и Зоран Заев се целосно неспособни да ја управуваат државата. Продажбата на името и идентитетот тоа нема да го смени. Прифаќањето на грчките црвени линии нема да помогне да се достигнат европските стандарди. СДСМ удри на крадење и задолжување на државата како да треба Македонија да влезе во сојуз со Северна Кореа или најсиромашните африкански земји, а не како да се приближува кон ЕУ и економска благосостојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Работите им бегаат од контрола. Власта вчера како најголем успех и достигнување го презентираше пронаоѓањето и чистењето на пелени од страна на Петре Шилегов, кој ангажираше цела армија, полиција, противпожарна единица на Скопје и болнички возила за пронаѓање на стари пелени кои смрдат во стан. Трагедијата да биде поголема презентираше и снимки од успехот. Во зоолошка слободно се штетаат крокодили надвор од нивните кафези, а власта се правда дека тоа било нормално бидејќи крокодилите биле во пубертет. Добро е што не станале полнолетни па да почне и надвор од зоолошка сами да излегуваат, стои во соопштението и се додава:

„Заев ја лаже јавноста дека дневно 23 часа одговара на пораки. Градоначалници се фалат дека прислушкуваат, додека Заев ветува 100 евра за глас со кои ќе се откажете од вашите предци. Судовите не реагираат, државата е во медиумски мрак кога станува збор за големите национални прашања. Со СДСМ на власт државата е комплетно на колена. Власта е нефункционална и не може да ги извршува ниту основните потреби. И додека не си ја работат работата за која се платени од парите на граѓаните, тие вршат кампања за промоција на капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, во која Република Македонија е оштетена страна, со кој го губиме институциналниот идентитет, историјата, културата и традицијата“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.