ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: “Исти луѓе СДСМ Прилеп ги вработува по два пати?” (Видео)

Башибозукот наречен СДСМ прави хаос во администрацијата и вработува што ќе стигне и каде ќе стигне.
Исплашени од изборниот пораз кој за нив е повеќе од извесен, сега лица кои веќе еднаш беа вработени се вработуваат на нови подобри работни места
– ова на денешната прес конференција го истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Ова што денеска ќе го презентираме пред јавноста е доказ за ароганцијата и недопирливоста на власта на СДСМ за која зборуваме веќе долг временски период.

Крсте Дуковски кој беше вработен како личен шофер на градоначалникот Илија Јованоски, сега е поставен на работно место Помлад референт за персонална евиденција во одделението за управување со човечки ресурси на Општина Прилеп.

Викторија Јовчески, која беше вработена во Министерството за транспорт и врски, сега е вработена на работното место помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

Зоран Милошески кој беше вработен во Пи-Ар тимот на општината, сега ќе работи како самостоен референт за заштита и спасување во одделението за јавни дејности.

Почитувани,

Ова е лицемерието на СДСМ и нивните кадри на власт. Пред да седнат во кожените фотељи зборуваа за намалување на администрацијата, а сега едни исти лица ги вработуваат по два пати.

Толку и од нивниот чесен пристап пред сопственото членство и пред младите во Прилеп.

Затоа младите масовно се иселуваат, затоа нема нови инвестиции во Прилеп, а за сметка на тоа цвета непотизмот и корупцијата.

Ова е срамот на Македонија, кој за среќа на 12-ти април идната година заминува и никогаш повеќе нема да се повтори”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.