ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПОСТИГНА ДОГОВОР СО ДУИ: Победничката партија бара нови избори, наместо формирање на влада со ДУИ која ќе значи нова криза!

ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста дека договор за коалицирање со партијата ДУИ не е постигнат, што би значело дека одлуката за која соопштивме претходно дека ја донеле во Мала Речица за коалицирање со побендичката партија, не била прифатлива.

gruevski_pobeda

ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план.

Секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на било чии програмски цели.

Очигледно некој сака да се занемари волјата на мнозинството граѓани и да ја втурне Македонија во некоја нова неизвесна фаза од нејзиниот развој. ВМРО-ДПМНЕ останува на своите принципиелни позиции по однос на стратешките прашања од државен и национален интерес и прогласот усвоен на 17 декември 2016-та година“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.