ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада

Република Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro

-Граѓаните на 11-ти декември ја дадоа својата поддршка за излез од кризата и гласаа за проекти, реформи и развој. Граѓаните на 11-ти декември ставија крај на деструкцијата и велепредавствата кои ги промовираше СДСМ како нивна политика. Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и игнорирал Уставот и законите на Република Македонија. Единствено што знае еден аболициран криминалец е да лаже и манипулира, а не да ги толкува Уставот и законите, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, политичката кариера на Заев заврши на 11-ти декември.

-Најгласната порака што ја испратија граѓаните е дека тој мора да одговара и за барањето поткуп, и за велепредавство и за сите криминални тендери за кои се врзува неговото име, се додава во реакцијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.