Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
(Во продолжение интегрален текст и видео од одржаната прес конференција)
“Откако вчера на прес конференција, прашавме дали директорот на ЈКП Комуналец, Ѕвонко Јованоски ги исполнува посебните услови да биде директор на ова претпријатие, Општина Прилеп излезе со соопштение во кое наведе дека Ѕвонко Јованоски има високо образование со 240 кредити, но во нивното соопштение изоставија да кажат кога точно директорот на ЈКП Комуналец го исполнил посебниот услов за да биде назначен за директор.
Од Општина Прилеп не дадоа одговор на прашањето дали во моментот на поставување на Ѕвонко Јованоски за директор на ова претпријатие, го исполнувал посебниот услов, а тоа е да има високо образование со 240 кредити?
Прашуваме, дали е ова дипломата од Ѕвонко Јованоски, на која јасно пишува дека истиот се стекнал со 240 кредити на ден 04.07.2018 година?
Ако се земе предвид фактот дека Ѕвонко Јованоски директорисува со ова претпријатие веќе неколку месеци, а истиот се стекнал со 240 кредити пред само еден месец, значи дека имаме противзаконски избор на директор кој во моментот на изборот не ги исполнувал посебните услови.
Го повикуваме ОЈО по допрен глас да поведе соодветна постапка со цел утврдување вина и одговорност како кај градоначалникот Јованоски така и кај директорот на Комуналец Ѕвонко Јованоски.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот Илија Јованоски и директорот Ѕвонко Јованоски за злоупотреба на службена положба и овластување.
Го повикуваме и просветниот инспекторат да изврши увид на факултет и да провери на каков начин Ѕвонко Јованоски ја зел оваа диплома и за колку време го докомплетирал своето образование.
Доколку се утврди одговорност за незаконско поставување на директор, тогаш сите вработувања во негово време се ништовни и претставуваат кривично дело, сите јавни набавки и сите документи на кои е ставен негов потпис немаат значење и се основа за ново кривично дело
Во Македонија законите мора да важат и ќе важат еднакво за сите. За противзаконските дејствија на СДС и нивните функционери, мора да има и ќе има одговорност!”.