ВМРО-ДПМНЕ: “Коските во МОГИЛАТА им се превтруваат од нивните предавства, а тие лицемерно без срам се поклонуваат пред нив?!” (ВИДЕО)

Денеска со посебна чест и задоволство, емоции, се поклонивме пред споменот и делото на Ченто, Кузман и сите други кои за својот идеал за слободна, независна и самостојна Република Македонија го дале својот живот. Истакна при денешното одбележување на празникот 11 Октомври претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, Петар Ристески.

„Востанието на 11 Октомври беше против фашизмот, тоа беше почеток на борбата за ослободување на македонскиот народ. Со оваа вооружена борба, Македонија не стана квинслишка територија, туку напротив даде силна поддршка во победата над фашизмот. Но денес и овде сведоци сме на невидено лицемерие на луѓето од власта. Се поклонуваат, а на дело работат се спротивно од она за што загинале овие пред кои се поклонуваат. Склучуваат капитулантски договори за продажба на уставното име, го распродаваат македонскиот идентитет, историја и култура. Но за среќа, граѓаните на Македонија, граѓаните на Прилеп ја препознаа предавничката политика на Зоран Заев, Илија Јованоски, Хари Локвенец, Кети Смилеска и на 30 септември јасно и недвосмислено им кажаа не. Македонија ќе оди напред, ќе биде модерна држава во европското семејство и НАТО, но никако понижена и обезимена. Почитувани сограѓани, ви го честитам 11 Октомври, Денот на востанието. Да ни е за многу години, Македонија ќе победи“, истакна Ристески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.