(Интегрален текст од соопштение за јавност)
Благодарение на предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“, граѓаните кои се наоѓаат во незавидна економска ситуација добиваат олеснување.
Законот за отпишување на камати за наплати на долгови кои произлегуваат од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории и одводнување на земјиште, кој вчера беше усвоен во Собранието на Република Македонија е предлог на опозицијата во корист на граѓаните.
Добро е што СДСМ собра храброст да поддржи мерка со која ќе се влијае на стандардот на граѓаните кои ги трпат последиците од неспособноста и неодговорноста на расипничката власт.
ВМРО-ДПМНЕ го предложи овој закон заради решавање на проблемите на граѓаните, кои добиваат сметки за наплата на долгови кои датираат од деведесеттите, а доверителот е секогаш во право, затоа што долгот навистина постои. Досега не постоеше начин како да се заштитат граѓаните. Токму затоа со ова законско решение им се излегува во пресрет на граѓаните.
СДСМ потроши повеќе од една година од животот на граѓаните на криминал, корупција и неработа.
Една година како граѓаните страдаат, а претставниците на картелот го живеат животот за кој зборуваа. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а Заев и неговите соработници влегуваат во милионски бизниси. СДСМ потроши цела година, без ниту еден проект за граѓаните, после повеќе од една година, немаат свој автентичен проект, туку се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе од една година СДСМ покажува дека нема ниту идеја, ниту знае како да работи за доброто на граѓаните. Тие работат единствено во интерес на картелот на чело со ЕВРО Заев.
Власта е неодговорна и секојдневно ги понижува граѓаните, затоа и треба да си оди. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Македонија ќе победи. Оваа ненародна власт мора да си замине.