ВМРО-ДПМНЕ: “Го имаме апсолутниот победник во непотизам? Мира и Милева биле ништо во споредба со ова??”

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Епидемијата од непотизам од најтежок вид ја има зафатено фамилијата на пратеничката Тања Ковачев од СДСМ. Мислиме дека на овој случај може дури да позавиди и Мира Дизел Стојчевска, дури и да биде љубоморна. Во интерес на времето да почнам со набројување на сомнежите за непотизам без поголем вовед, со мала напомена дека се работи за работни места со многу високи плати, многу повисоки од просечната плата која што ја добиваат граѓаните во Република Македонија.

Па така, прашуваме, дали сопругот на пратеничката Тања Ковачев, Дејан Ковачев без соодветно образование е вработен во АД Аеродромски услуги- Аеродроми на Македонија?

Дали сестрата на истата пратеничка, Катерина Хаџиевска Јакимовска е вработена во УЈП како инспектор за игри на среќа?

Почитувани,

Дали зетот за сестра, Бобан Јакимовски е вработен во Водовод и канализација Скопје?

Дали Елеонора Фунду, золвата, односно сестрата на сопругот на пратеничката е поставена како претседател на Надзорен одбор на АД Аеродромски услуги Аеродроми на Македонија каде што работи Дејан Ковачев мажот на Тања Ковачев?

Еве почитувани, ако е сево ова точно тогаш во епидемијата на непотизам имаме и прв случај на вработена золва, покрај сите случаи на вработени мајки, синови, ќерки, сестри, браќа, свекрви, сопрузи, баби, дедовци и фризерки на високи функционери на СДСМ итн,меѓутоа да не им се мешаме и да не им навлегуваме во семејните релации и работи. Да нaпоменам дека дел од овие информации кои ги презентиравме ги добиваме од граѓаните па и членови кои што се крајно разочарани од оваа крими-непотистичка власт на деспотот Зоран Заев.

Секој ден добиваме писма и пораки од разочарани граѓани од оваа власт која што ја претвори државата во приватна фирма за вдомување функционерски роднини на грбот и на сметка на граѓаните кои плаќаат даноци.

Зарем во државата нема други невработени кои што треба да се вработат, пред се млади и квалификувани луѓе кои не можеле да се вработат на овие дебело платени работни места кои ги добиваат сепак најблиските роднини на функционерите на СДСМ. Како тоа токму нивните роднини се или единствени кои конкурирале или се најдобрите кандидати очекуваме се уште да кажат функционерите на СДСМ?

Почитувани,

Сето ова е потценување на здравата разум на граѓаните, бидејќи моделот на Дизел вработување не е исклучок, тоа е правило во СДСМ. Залудно е лажното морализирање и пазарење еден ќе се повлече, двајца ќе останат вработени, колку да се замаја јавноста. Оваа епидемија ќе прекине само и само со пораз на оваа крими-непотистичка власт на избори, кога ќе почне и нивната демонтажа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.