Иако многубројните фанови од Македонија и од Балканот кои во моментов се во Охрид со нетрпение го очекуваа настапот на Аца Лукас во Охрид, за жал стигна известување дека истиот е откажан.
Причината за ваква одлука е загрижувачка, влошена била здравствена состојба на пејачот.
Еве што тимот на Лукас објави на неговта официјалена Фејсбук страна:
-Настапот во клубот во Охрид се откажува поради влошената здравствена состојба на Аца Лукас. Во оваа прилика им се извинуваме на сите фанови, посетители и пријатели кои планираа да дојдат на вечерашниот настап и молиме за разбирање…