Владиката Петар за добиената 3-то ноемвриска награда: “Не ми е желба да примам награди овде, туку ако има нешто ГОРЕ, на небесата!” (ВИДЕО)

Советот на општина Прилеп на свечена седница по повод 3.Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, награда за животно дело додели и на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландска епархија, Владиката Петар.

Во своето обраќање пред присутните, Владиката Петар упати моќни пораки, упати благодарност до Советот и општината, но истакна дека во ниту еден момент не покажал желба да добие таква награда.

“Не ми е желба да примам награди овде, ако има нешто ГОРЕ, на небесата!”, порача Митрополитот.

Неговото целосно обраќање можете да го проследите во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.