Влада: Спортските коментари да бидат и на македонски и на албански јазик

Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територијата на Македонија, најдоцна до 31 декември да почнат да ги применуваат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.

Овој заклучок Владата го донесе по разгледувањето на извештајот на работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и на албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, оваа препорака е донесена на денешната 117-та седница на Владата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.