Владата ја усвои Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година

На вчерашната седница, Владата донесе одлука со која се усвои Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година, информираше министерот Љупчо Николовски.

Целта на програмата е подобрување на производни капацитети и квалитет на производство, за производителите на храна од примарни земјоделски производи од животинско и неживотинско потекло, со неповратни авансно исплатени финансиски средства за инвестиции во опрема и ангажирање на стручно лице.

Со програмата ќе се поддржат домашните производители на храна преку проширување на постоечките капацитети, подобрување на технолошките процеси, подобрување на квалитетот на производите и развој на нови производи како и зголемена економска активност, која ќе продуцира поголеми приходи и можности за развој и нови инвестиции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.