Владата удри по таксистите- ќе забрани да возат во загадени денови

Откако вчера во јавноста Владата обелодени дека ќе се лепат налепници за возилата и тоа во три бои зелена, жолта и црвена во зависност од типот на возилото (ЕУРО 1, ЕУРО 2, ЕУРО 3, ЕУРО ЕУРО 4, ЕУРО 5 или ЕУРО 6), тие најавија дека истата мерка ќе важи и за таксистите.

Во јавноста веднаш се крена прашина по оваа вест бидејќи таксистите се директно засегнати од оваа нова мерка за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје.

Оливер Спасовски вчера изјави дека тој таксист што емитува најмногу штетни гасови ќе има црвена налепница, тие со помал обен на штетни гасови жолта, а оние коишто се во рамки на нормалното ниво со зелена.

Ова значи дека речиси на многу повеќе од половина такси возила и таксисти ќе им биде забрането да возат низ главниот град и да ја заработуваат својата плата поради намалувањето на загаденоста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.