Владата со реакција за набавката на 20.000 шишиња лубриканти: “Лубрикантите се купуваат затоа што се делат заедно со кондоми!”

Владата ја потврди информацијата на Економски Лидер дека со државни пари невладината организација ЕГАЛ ќе набавува лубриканти за хомосексуалната популација.

На денешната прес конференција на директорката на клиниката за инфективни болести која во исто време е претседател на националната комисија за ХИВ, Д-р Милена Стефановиќ, таа истакна дека невладината морала да набави пакувања со лубрикант затоа што тие се делеле заедно со кондомите.

-Едукацијата во превенцијата од ХИВ и користењето на кондом и лубрикант се многу важни за да се спречи ширењето на оваа болест. Постојат кондоми за одредени сексуални групи кои е неопходно да се користат заедно со лубрикант. Веројатно во организацијата им се истрошиле лубрикантите кои ги делат заедно со кондомите и морале да набават нови, изјави д-р Стефановиќ на прес конференцијата.

Таа додаде дека е многу горда што државата ги финансира овие проекти со кои граѓаните се штитат од ХИВ вирусот.

Инаку претходно Лидер објави дека бизарна јавна набавка осамна вчера на страницата на Бирото за јавни набавки, со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје.“

Тендерската документација за набавката до која стигна Економски Лидер е обилна, а во неа стои дека оваа невладина организација во склоп на „Програма за заштита на население од ХИВ во Република Македонија 2018“со државни пари, ни помалку, ни повеќе – ќе набавува 20.000 шишиња лубриканти. Понудите за набавка на лубрикантите, заинтересираните компании може да ги достават најдоцна до 15ти месецов.

Во техничката спецификација е наведено дека лубрикантите треба да бидат без вкус, без мирис и без боја.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.