Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

Владата донесе одлука за постоење на кризна состоjба во рок од 30 дена, поради „судир на интереси за користeње на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Републиката“, како што се наведува во актот.

Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состоjба на целата територија. бјавено е дека со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира Главниот Штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување.

– Со одлуката на владата се задолжуваат органите на државна управа да преземат мерки и активности за справување со состојбата и надминување на последицата од судир на интереси за користење на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Македонија, стои во одлуката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.