Владата пресече: Одреди ново работно време за кафулињата и рестораните

Владата денеска оддржа седница на која беа разгледани предлог мерките од Комисијата за зapaзни болecти , а одлуките на прес конференција ги соопштија премиерот Зоран Заев и Министерот за здравство, Венко Филипче.

– Се наоѓаме пред нов предизвик од нашата битка со Koвид 19, Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати предлозите на Комисијата за заразни болести од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне нов бран на кopoнавиpycoт, рече Заев.

Мерките се однесуваат за препорака за работното време во рестораните, кои ќе работат до 18 часот, а како што наведе Заев, целта е да издржиме уште малку и да не дозволиме поради празниците се да излезе од контрола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.