Владата пак се пocpaмоти: Ја променија сликата од Германија со слика од езеро во Франција (Фото)

Пред два дена Владата и Министерството за економија промовираа домашен туризам со фотографија од местото Конигсе, Германија, па авторот на фотографијата напиша дека „умира од смеење. На веб страната за проверка дали сте добитник на владините ваучери за домашен туризам осамна фотографијата на фотограф од Велика Британија, па после целата збрка Владата ја промени сликата со домашна дестинација.

Но, малку подолу на веб страната се наоѓа уште една странска дестинација.

Овој пат станува збор за езерото Анисе во Франција. Ова е промотивното фото на Министерството и Владата:

Ова е фотографија од истото место во Франција:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.