Светата великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.
Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.
Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.
Празникот најмасовно се празнува во Манастирот Св. Марена во село Туминец во Мала Преспа.
Манастирот кај Туминец датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.
Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.
Минатата година таму имаше голем број гости, а присутни беа и повеќемина прилепчани. Ви пренесуваме дел од минатогодишната атмосфера и празнување во продолжение: