Koмпанијата ВИТАМИНКА предупредува за лажна веб страна која го злоупотребува името на прилепскиот бренд.
-ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ! Почитувани потрошувачи и следбеници на Витаминка на социјалните мрежи, ве известуваме дека во онлајн просторот се појави лажна веб – страница која го злоупотребува името на нашата компанија и шири лажни информации за спроведување на истражување, за возврат за кое лажно се ветува финансиски надомест. Доколку веќе сте споделиле ваши податоци со оваа лажна страница, веднаш избришете ги и пријавете ја страницата на Google Safe Browsing. Доколку се сомневате дека оставените податоци се веќе злоупотребени известете го одделот за компјутерски криминал при МВР. Апелираме да не оставате ваши податоци на сомнителни веб-страници и да бидете исклучително внимателни со користење на вашите лични податоци во онлајн просторот. Витаминка се оградува од сите дејствија настанати преку оваа лажна страница – стои во соопштението објавено од ВИТАМИНКА на социјалните мрежи.
























