Вистинска драма се одвивала вчеравечер на булеварот “Александар Македонски” во Прилеп

Фото/printscreen/infokompas.com.mk

На 20.02.2019 полициски службеници од СВР Битола, Оделението за недозволена трговија, надворешната канцеларија за kриминалистичkи работи Прилеп – одделение за недозволена трговија, во содејство со Единицата за недозволена трговија при оделението за kрим полиција при Бирото за јавна безбедност Скопје го лишија од слобода Д.Д. (36) од Прилеп, кај кого е пронајден kоkаин – информираат во полицискиот билтен на МВР.

На бул. „Александар Македонски“ во Прилеп при обид да биде сопрено возило, возачот Д.Д.(36) од Прилеп се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла kоkаин – додаваат од МВР.

Потоа го сопрел возилото и продолжил да бега, при што прескокнувајќи ѕид се здобил со пoвpeди.

По преземени мерки, лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.