Висок функционep од ВМРО-ДПМНЕ ја одбива одлуката на Уcтавен за повиcoки плати од 78%: Разликата ќе ја донирам за семејствата на уставобранителите

Уставниот суд донесе одлука со која се предвидува зголемување на платите на сите носители на јавни функции.

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски на свој начин ја отфрла одлуката на уставниот суд.

,,Одлуката мора да се почитува, но разликата во платата во целост ќе ја донирам за хуманитарни цели и за семејствата на уставобранителите.

Јас сум растен и воспитуван во духот на позитивни вредности. Сметам дека среќата не зависи од тоа колку имаме, туку колку можеме да направиме за другите.

Ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример”, објави Муцунски по одлуката на уставниот суд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.