Вирусот стигна и до бразилските племиња

Припадничка на автохтониот дел во селото кое се наоѓа длабоко во Амазонија е заразена со коронавирус, што е прв случај меѓу бразилските племиња, соопшти денес бразилското Министерство за здравство.

Се работи за 19-годишна девојка од племето Кокама, која живее во близина на границата со Колумбија, а се заразила работејќи како медицинска сестра во неколку племиња.

Во истиот округ потврдени се четири случаи, меѓу кои е и лекар, со што се создаде страв дека вирусот може да ги зарази и поодалечените и незаштитени заедници.

Здравствените експерти предупредуваат дека ширењето на вирусот би можело да биде смртоносно за околу 850.000 припадници на автохтоните народи во Бразил, а кои се веќе погодени од болести кои им ги донеле Европјаните. Од мали сипаници до маларија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.