“Одмаздата е оброк кој се послужува студен”, вели старата поговорка, а можеби најпознатиот случај на одмазда на исламистите е поврзан со ликвидацијата на Осама бин Ладен.
За неговата елиминација била задолжена елитна единица американската морнарица.
Станува збор за морнарицата “фоки”, и тоа нивни најобучени и специјализирани членови, таканаречни “Тим 6” единица. Тие на 2 мај 2011 година влегоа во обезбедениот комплекс во Пакистан, каде го лоцирале и убиле во тој момент водечкиот светски терорист.
Меѓутоа, треба да се “вратиме” една година на назад кога главниот човек на ЦИА Леон Панета се сретна со Барак Обама и му рекол дека откриено е засолништетот на Бин Ладен. И така започна заедничката операција на ЦИА и “Тим6”.
Обуката била спроведувана во специјално дизајнирана макета на комплексот на Бин Ладен, а тимот требало да го предводи извесен Џејмс, што е измислено име, пишува “Слободна Далмација”.
Исто така, меѓу 24 припадници на “Тим 6” бил и белгискиот овчар Каиро ( кој носел специјален оклоп за кучиња, отпорен на експлозив, вреден повеќе илјади долари), посебно истрениран да го лоцира Бин Ладен со мирис, во случај терористичкиот лидер да се срие во некоја од тајните простори во внатрешноста на комплексот.
Така во неделата на 1 мај, околу 23 часот, во ноќ без месечина, од Џалалабад кон Аботабаду полетале два хеликоптери “blackhawks”. Во секој од нив имало по 12 “фоки”.
Оригиналниот план предвидувал прелетување на комплексот од Бин Ладен, брзо спуштање на 19 членови, кои во рок од 2 минути требало да го извршат нападот. Сепак, специјалните единици не го предвиделе проблемот со хеликоптерот.
Имено, кога првиот хеликоптер морал присилно да слета во близина на комплексот на терористичкиот лидер, добро осмислениот план А пропаднал. Брзо бил ставен во опција планот Б. Другиот хеликоптер слетал во близина на вилата и Американците морале да користат експлозив за да влезат во неа.
Обезбедувањето на комплексот не можело да се справи со војниците. Во пукотниците убиени се 3 мажи и една жена. Уште во првата “размена на оган” три Американци успеале да стигнат на третиот спрат и да се сретнат леице во лице со Бин Ладен.
Според наводите на сведоците, тие одма го препознале. Бин Ладен се вратил назад во својата соба, а специјалците насилно ја отвориле.
Тогаш две жени се обиделе да го заштитат Бин Ладен, но биле тргнати. За само неколку секунди еден од американските војници пукал во градите на Бин Ладен, а другиот во неговата глава.
Четири денови покасно, смртта на овој лидер ја потврди и Ал Каеда иако после тоа следеле гласини за тоа како Осама го преживеал нападот и дека умрел неколку години покасно поради проблеми со бубрезите.
Телото на Бин Ладен е фрлено во море за да се спречи создавање култ на неговата личност.
“Невидливи војници”
Акцијата со шифрирано име ” Нептуново копје”, “Тим 6” ја извршил во соработка со ЦИА, а набрзо потоа Барак Обама му се пофали на светот дека Америка го убила бараниот терористички лидер.
И се би било одлично ако 3 месеци покасно, поточно на 6 август, во една од најголемите загуби на војници не настрадаа 22 припадници на истиот тој “Тим 6”.
Во Авганистан една вешто испукана ракета го погодила транпортниот хеликоптер CH-47D и во смрт испратила 38 луѓе, од кои 22 биле “фоки”.
ВИКИЛИКС напоменува дека многу војници кои го убиле Бин Ладен, се всушност ликвидирани од страна на своите, бидеќи се сведоци на тоа дека не дошло до ликвидација на лидерот на Ал Каеда.
– Убиени се, елиминирани, пуштени во смрт. Не знам како поразлично тоа да го објаснам. Најмногу ме интересира дали намерно се убиени или некој кретен од Министерството за одбрана погрешил, како што направи и нашиот потпретседател – вели Мајк Севиж, татко на една од жртвите.
Ф.Г.