Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Во недела времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува повремено засилен југозападен ветер особено во западните делови.
Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер.