Времето денеска ќе биде претежно облачно во западните делови со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.
Под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса утре врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.
Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови.
Максималната температура ќе достигне од 7 до 15 степени, јави УХМР.
Во Скопје, облачно претпладне со слаба магла, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.