“Виз Ер” со важно соопштение: Ова се новите дестинации до каде ќе се лета од македонските аеродроми

Нови четири авиодестинации се достапни за граѓаните од земјава од аеродромите во Скопје и Охрид, а кои ќе бидат оперирани од нискобуџетната компанија „Визер“.

Од 1 август се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.

Покрај новите четири дестинации на 1 август ќе биде промовирано и поставувањето на петтиот воздухоплов на базата на „Визер“ во Скопје.

„Визер“ од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.