(Видео) Xaoc во украинско студио: Политичар и новинар се степaa сред најгледаната емисија

Тензиите кои зовриваат на истокот на Украина се прелеаја и во јавниот простор, па во најгледаното украинско ток-шоу дошло до жестока пресметка меѓу двајца гости.

Членот на проруската партија во Украина, Нестор Суфрич, и новинарот Јуриј Бутусов, кој зазема спротивен политички став, беа гости во студиото на емисијата „Слобода на говорот“ на Савик Шустер. Бустов во еден момент му пришол на соговорникот и му удрил шлаканица.

Суфрич не остана ладнокрвен, па возврати со иста мерка, додека останатите гости во студиото се обидуваа да ги разделат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.