Шокантни сцени доаѓаат од Лондон откако Месут Озил бил нападнат од две лица, кои извадиле ножеви и се обиделе да го ограбат германскиот интернационалец во дресот на Арсенал. Ограбувачите со скутери го следеле возилото на Озил, а штом Германецот застанал тие ги извадиле ножевите во обид да го ограбат.
За негова среќа, за совозач го ималтимскиот соиграч Сеад Колашинац, кој бил вистински херој спречувајќи ситуацијата да излезе од контрола. Босанскиот бек со голи раце тргнал да се пресметува со криминалците, кои побегнале пред него.
Mesut Ozil’s car got jumped, Kolasinac jumped out and backed the beef. #YaGunnersYa pic.twitter.com/CxsJeiCvxw
— James (@smhjaames) July 25, 2019