Најмалку 50 лица, од кои 10 потешко, се повpeдени во тopнадо што мина низ неколку места во западна Германија. Според досега познатите информации, загинале најмалку 3 лица.
Во Липштад торнадото предизвикало голема материјална штета корнејќи дрвја, а ветрот го разнел покривот од локалната црква, пренесува „Билд“.
„Во невремето се повpeдени околу 50 лица, од кои најмалку 10 се тешко повpeдени“, се вели во соопштението на градската полиција.
„Покривите на некои објекти се откорнати и разнесени на километри подалеку или оштетени. Врз уништените автомобили и натаму лежат многу откорнати дрвја“, соопшти полицијата.
Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови.