Конвој од возила без регистрации и товарени со дрва по патот кој води кон прилепското вештачко езеро
Наши читатели кои денеска го искористија топлото време за рекреација покрај прилепското вештачко езеро, ни испратија видео на кое се гледаат три автомобили без регистарски ознаки натоварени со дрва.
Автомобилите се движат најпрво по асфалтираниот пат, а потоа свртуваат по калдрмата и се упатуваат во непознат правец.
Граѓаните кои ни го испратија видеото велат дека најверојатно се работи за дрвокрадци кои овие денови се зачестени во регионот над вештачкото езеро.
Погледнете: