(Видео) 20.000 полицајци ја обезбедуваа првата молитва пред Аја Софија откако беше прогласена за џамија

За првпат после 86 години во Аја Софија денес ќе се оджи првата молитва од нејзиното преименување во џамија, а верниците и многубројните туристи од рано утринава пристигнуваат во Истанбул, додека се очекува на молитвата да присуствува и Ердоган.

Аја Софија ќе биде отворена со џума-намаз (голема молитва напладне), а почнале усте по утринската молитва да пристигнуваат верници, додека пак ангажирани се околу 20.000 полицајци за да го обезбедуваат собирот.

Многу граѓани чекаат на 11 контролни пунктови да им се дозволи да влезат во областа на молитва.

После дезинфекцијата, надлежните служби им доставуваат на новодојденците маски и молитвени душеци за една употреба. Во исто време, на граѓаните им се дава симит (леб) и чај за да се зајакнат.

Освен турскиот претседател, други официјални претставници на повеќе партии се очекува да присуствуваат на церемонијата на отворање на џамијата. Исто така, по повод церемонијата, пристигнаа многу домашни и странски туристи.

Аја Софија служела како православна црква 916 години, сè до освојувањето на Истанбул, додека имала статус на џамија од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј.

На 10 јули, турскиот суд ја поништи одлуката на поранешната влада на таа земја, со која се додели статус на музеј на на Ааја Софија на 24 ноември 1934 година и ја пренамени во џамија.

Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфорот, Аја Софија е вклучена на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1985 година.

Турските власти најавија дека ќе продолжат со зачувување на културните и историските вредности на Аја Софија на таков начин што Дирекцијата за верски работи на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам на таа земја ќе се грижи за реставрација, конзервација и заштита.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.