(Видео) Ќе сфати ли светот колку е алармантна ситуацијата: Поради глобалното затоплување рибите “живи се варат” во река

Видеото кое во вторникот го објавила непрофитната организација “Колумбија Риверкипер” прикажува група лососи како пливаат во речна притока, прекриени со црвени лезии и бели габи, како резултат на стрес и изложеност на екстремни температури, пишува “Guardian”.

Лосос во реката Колумбија се “сварил речиси жив” кога температурите на водите пораснале во текот на рекордниот бран горештини на северозападот на Тихиот океан, група активисти за заштита на животни забележала вознемирувачка глетка.

Видеото кое во вторникот го објавила непрофитната организација “Колумбија Риверкипер” прикажува група лососи како пливаат во речна притока, прекриени со црвени лезии и бели габи, како резултат на стрес и изложеност на екстремни температури, пишува “Guardian”.

На денот на снимањето на видеото, реката достигнала температура од 21 степен Целзиусов, што е cmpтоносно за овие риби ако се подолго изложени на неа. Законот за чиста вода забранува температурите во реките да пораснат над 20 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.