Ќерката на ултранационалистичкиот руски идеолог Александар Дугин, за кој се верува дека има силно влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, загина во експлозија на автомобил во предградието на Москва, соопшти рускиот Истражен комитет, пренесуваат денеска светските медиуми. Иако многумина се сомневаат дека цел на атентатот бил Дугин, овие наводи се уште не се официјално потврдени, но е покрената опсежна истрага за овој настан.
„Експлозивната направа која наводно била поставена во автомобилот експлодирала додека возела и автомобилот се запалил. Возачот починал на лице место. Утврден е идентитетот на починатиот: се работи за новинарката и политиколог Дарија Дугина“, се наведува во извештајот на Истражниот комитет.
Руските медиуми пишуваат за хронологијата на вечерта во која се случи страшната експлозија. Дугин во саботата во 18 часот одржа предавање на тема „Традиции и историја“ на фестивалот во село Захарово. Неговата ќерка била таму како почесен гостин. Подоцна, во 21:25 часот, Дарија влегла во автомобилот и го напуштила фестивалот. Татко и ја следел, пренесува Известија.
Автомобилот во кој се наоѓала излетал во 21:35 часот на автопатот Можајска, по што одекнала силна ekcплозија кај селото Болши Вјаземи.
Allegedly Dugin at the location where his daughter was assassinated. pic.twitter.com/2dHo6T4I27
— Dmitri (@wartranslated) August 20, 2022