Грците денес ги преполнија плажите, бидејќи ова е првиот викенд без рестрикциите кои беа воведени поради пандемиjaта.
Убавото време и високите температури ги натераа Грците во голем број да излезат на плажите, но за жал мерките за социјална дистанца воведени поради кopoнавиpycoт не беа почитувани.
Плажата на грчкото езеро Вулјагмени и плажите Кавоури и Глифади беа преполни со млади луѓе и фамилии со деца.
Колку ли ќе бидат исполнети плажите наредниот викенд кога метеоролозите предвидуваат температури од 38 до 40 степени?