ВИДЕО: Што се случува откако еден месец нема да конзумирате шеќер и алкохол

Младиот Саша Харланд одлучил да спроведе интересен експеримент – тој еден месец не конзумирал шеќер и алкохол.

На почетокот се борел со нервозата и честите промени во расположението со оглед на тоа дека шеќерот и алкохолот го смируваат организмот кој може бурно да реагира кога овие намирници ќе се исфрлат од секојдневна употреба.

Неговата исхрана се состоела главно од овошје и зеленчук, пилешко, риба, мешунки и семиња.

Дури по 25 дена се навикнал на новиот режим на исхрана, и потоа почнал да се чувствува добро и да има вишок на енергија.

Здравствената состојба му се подобрила, притисокот му се смалил од 135 на 125, холестеролот му се намалил за осум проценти, но и шеќерот во крвта значително се снижил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.