(Видео) Шабан Шаулиќ има тестамент: Откриено кому ќе му припаднат 2,4 милиони евра

Легендата на народната музика Шабан Шаулиќ пред два дена, во раните утрински часови, загина во сообраќајна несреќа во Германија, а во автомобилот со него беше неговиот музичар Мирсад Кериќ кој управуваше со возилото, како и неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ.

Извори , некои од најблиските пријатели на Шабан, рекле дека кралот на народната музика имал тестамент кој го оставил на својот адвокат.

-Тестаментот е направен во семејната куќа на Шаулиќ во присуство на Гоца. Во него е наведено дека на сопругата ѝ остава вила вредна милион евра, во кој има доживотно право на уживање, после што ќе ја наследат внуците и децата. Покрај тоа, куќата во Крчедина ја остава на внуците, додека трите стана во Белград ги расподелил на трите деца – пишува Србија денес.

Покрај недивижнини, Шабан на својата сопруга ѝ оставил и заштеда на нејзино име.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.